еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Кавадарци спроведе зелен катастар, попис на сите дрва и грмушки

Кавадарци спроведе зелен катастар, попис на сите дрва и грмушки, информираше денеска на прес-конференција Димитар Радњански од службата Мој општинар, советник задолжен за хортикултурно уредување и заштита на природата.

Тој нагласи дека зелениот катастар, кој е и обврска од Законот за урбано зеленило, е заради зачувување и унапредување на урбаното зеленило во градот. Пописот опфаќа тип на растенија, здравствена состојба, висина, ширина на крошна, старост.

-Кавадарци има 10.490 дрвја и 1.238 грмушки. Според стручните лица, имаме задоволителен број. Но, ние како Општина продолжуваме со садење. До крајот на годината ќе се засадат нови 150 дрвја и 200 грмушки. Има најава за 200 нови садници, донација од невладината „Еко-живот“, соопшти Радњански.

Тој додаде дека има и 1.089.500 квадратни метри тревни површини, 2.830 квадратни метри цветни површини и 128.410 квадратни метри патеки во паркови.

Радњански рече дека обновено е над 90 отсто од зеленилото во градот, модерно со подземни инсталации на наводнување и со дополнително осветлување.

-Во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ како најголема површина, се наводнува со бунарска вода, што е уште една мерка за зачувување на животната средина, нагласи тој.

Општината го изработила Катастарот со свои ресурси, без буџетски средства.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Депонијата крај Вардар за некои ќар, за сите загадување: Фатени на дело како горат кабли

Редакција

Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот

Редакција

Повторно опожарена трска на струшкото крајбрежје

Редакција