еМагазин
Image default
Локално

Повредена жена во масовна тепачка во Гостивар

Две лица се приведени во полициска станица откако биле пријавени дека физички нападнале двајца помлади гостиварци. Во масовната тепачка која се случила синоќа на улицата „Беличица“ во Гостивар се користеле и метални предмети, а била повредна и една жена.

Според СВР Тетово, синоќа околу во 22 часот, гостиварката Л.С.(53) и нејзиниот син А.С. (21) од Гостивар пријавиле физички напад.

Според пријавата, околу 19 часот и 25 минути на улица „Беличица“, А.С. и неговиот другар Б.К.(20), физички биле нападнати од повеќе лица. При обидот да ги раздели била нападната и Л. С.

Според сознанијата на полицијата, во настанот биле вклучени повеќе лица, а некои од нив користеле и метални предмети.

По пријавата, лишени од слобода се С.Б.(40) и М.Б.(49) од Гостивар поради сомнение дека учествувале во насилството.

Во ОВР Гостивар се преземаат мерки за расчистување и на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на излезот од Битола кон Прилеп

Редакција

Беровчанка ангажирала рекетари од Грчец за да изнуди илјадници евра од скопјанец

Редакција

Пеколни температури до крајот на неделава, разладување од понеделник

Редакција