Службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го откриле и санкционирале 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило „бе-ем-ве“, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час.
Б.Ј. потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.
Од МВР информираат дека согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Б.Ј. му е изготвен поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.
Фото:МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.