еМагазин
Uncategorized

Киро Глигоров во тајните документи на ЦИА

Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА ги известувале претпоставените за активностите на Киро Глигоров кој во време на поранешна Југославија имал повеќе високи функции во Комунистичката партија и во државната администрација на Јосип Броз Тито.

Во документот на ЦИА од 1968 година се најавува дека Глигоров во улога на потпретседател на Федералниот извршен совет на Југославија во придружба на претседавачот на Југословенско-чехословачкиот комитет за економска соработка Марин Цетиниќ ќе замине во официјална посета на Чехословачка при која освен економската соработка меѓу двете земји специјален акцент ќе се стави на изградбата на нафтовод со кој преку Југославија и Унгарија би се транспортирала иранска нафта до Чехословачка.

„Доколку се реализира изградбата тоа ќе овозможи транспорт на иранска нафта до Чехословаците со што ќе се намали зависноста на Прага од Советскиот сојуз кога е во прашање нафтата“, се вели во документот на ЦИА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да ја препознаете сексуалната желба кај жената

Редакција

Романскиот премиер и четворица министри парично казнети бидејќи славеле роденден без маски

Редакција

(Видео) Додека не бомбардираат со предновогодишни амнестии, во светот се бираат најсекси „Дедо мразици“

Редакција