еМагазин
Image default
Свет

Клиничко испитување во САД покажа побрзо закрепнување со лекот „ремдесивир“

Пациентите со Ковид-19 кои го користеле лекот „ремдесивир“ закрепнале 30 проценти побрзо отколку оние на плацебо, покажуваат резултатите од големо американско клиничко испитување.

Тоа е првпат клиничко испитување, спроведено согласно златните правила на клиничките испитувања – тестирање на лек со контролна група и на доволно голем примерок, да покажа ефикасност на некој лек против новиот коронавирус.

Американскиот национален институт за алергија и заразни болести (НИАИД), кој го спровел истражувањето, објави дека пациентите кои користеле „ремдесивир“ закрепнале 31 отсто побрзо отколку оние на плацебо.

– Просечното време на опоравување кај пациентите третирани со ремдесивир беше 11 дена во споредба со 15 дена за оние во контролната група, соопшти институтот НИАИД.

Истражувањето покажало дека пациентите кои го земаат тој лек имаат помали шанси да починат, иако разликата била мала. Стапката на морталитет била осум проценти на „ремдесивир“, во однос на 11,6 отсто за плацебо групата.

Вчера од Светската здравствена организација (СЗО) излегоа со информација дека не можат да ја потврдат ефикасноста на овој лек.

МИА

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек „ремдесивир“ во борбата против корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Најмалку 90 загинати во самоубиствен напад на аеродромот во Кабул

Редакција

Воените трошоци во светот рушат рекорди, лидери САД, Кина и Саудиска Арабија

Редакција

Кадиров вели дека нема да има мобилизација во Чеченија, веќе дале доволно војници на Русија

Редакција