еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиника „Жан Митрев“: Пациентот почина од прсната аневризма, медицинскиот персонал кој го третираше е негативен на корона вирусот

Клиниката „Жан Митрев“ се огласи по информацијата за починатиот пациент опериран во клиниката, а кој бил позитивен на корона вирусот (Ковид-19).

„Пациентот беше примен на 08.04.2020 година во раните утрински часови како ургентен случај во хеморагичен шок поради руптурирана (прсната) аневризма на абдоминалната аорта во крајно животозагрозувачка состојба.

По земањето на епидемиолошката анамнеза, бидејќи пациентот доаѓаше од високо ризично подрачје (Лабуништа, Струшко), беше постапено согласно протоколите, третиран како позитивен до добивањето на резултатите од испитувањето за Ковид-19 и по итниот оперативен зафат сместен во соба за изолација.

Персоналот беше соодветно заштитен во тек на извршување на својата должност, а секако беа превземени и дополнителни мерки. По седум дена беше направено тестирање на медицинскиот персонал кој работеше директно со позитивниот пациент, по што се добиени негативни резултати за присутност на Ковид – 19.

Пациентот почина од неговото основно заболување и последиците од хеморагичниот шок, не може да се утврди дали и како инфекцијата со корона вирусот влијаела на здравствената состојба и неизбежниот исход…

Позитивниот резултат на пациентот е уредно пријавен во Институтот за јавно здравје, веднаш по обработката на тестот на 08.04.2020 година“, соопшти Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги следиме случувањата, соработката со Владата продолжува, велат од Стејт департмент

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Полицијата го ослободи приведениот за дојавите за бомби во скопските училишта

Редакција