Гордана Димитриеска Кочоска е новата потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, а на јавноста и е позната како поранешен дополнителен заменик министер за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски и Димитриеска-Кочоска се нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ
Какво образование има
Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Таа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55.
Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG, стои во нејзината биографија.
Професионална и политичка кариера
Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии.
Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Димитриеска Кочоска приватно
Димитриеска Кочоска е мажена и е мајка на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Тимчо Муцунски, новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Кои се новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук/Димитриеска Кочоска