еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која е на „шпионската листа“ на Фејсбук

Македонската компанија „Сајтрокс“ (Cytrox) е помеѓу седумте фирми на кои „Мета“ (Фејсбук) им забрани пристап до нејзините социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и Вотсап, поради тоа што вршеле „сајбер-шпионажа“.

Имено, извештајот на „Мета“ покажува дека фирмите креирале лажни профили, испраќале понуди за пријателства, користеле хакерски методи за собирање на информации, манипулирање и компромитирање на уредите и профилите на корисниците на интернет.

Во, извештајот, исто така пишува дека компанијата „Сајтрокс“ од Севена Македонија „развива, експлоатира и продава алатки за надзор и малициозен софтвер кој им овозможува на клиентите да ги компромитираат Андроид и iOS уредите.“

Целите на „Сајтрокс“ биле политичари и новинари ширум светот. Копиите од, како што се вели, злонамерниот софтвер, биле добиени во соработка со „Ситизен Лаб“.

„Мета“ има сознанија за огромна доменска инфрастуркура за која веруваат дека „Сајтрокс“ ја користела за да имитира легитимни новински организации и нивните скратени УРЛ- адреси. Овие домени ги користеле како дел од нивните кампањи за „фишинг“ и компромитирање.

Наодите на „Мета“ сугеритаат дека компанијата обезбедувала услуги на друг субјект кој во безбедносната заедница бил познат како „Сфинга“ (Sphynx) и кој таргетирал лица во Египет и нејзините соседни земји.

„Сајтрокс“ имала клиенти и од Ерменија, Грција, Саудиска Арабија, Колумбија, Брегот на Слоновата коска, Виетнам, Германија и Филипините.

Која е компанијата „Сајтрокс“?

Според информациите на „Ситизен Лаб“, сопственик на „Сајтрокс“ е Иво Малинковски, а компанијата е основана во 2017 година за извршување дејност „обезбедување на влади со оперативни сајбер решенија“ кои вклучуваат собирање информации од уреди и клауд услуги.

Компанијата започнала како старт-ап, и има свое присуство и во Израел и Унгарија.

Според „Ситизен Лаб“, македонската компанија „Сајтрокс“ е дел од таканаречената „Intellexa alliance“, позната и како „ѕвездена алијанса на шпионирањето“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Полициските униформи станаа двојазични

Редакција

Загина 35-годишен возач на камион во сообраќајка пред ГП Богородица

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка и намалени приходи во првиот квартал

Редакција