еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Марковски компани, која доби тендер на ЕСМ вреден речиси 25 милиони евра

Друштвото за трговија, производство и услуги Марковски компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола.го доби најголемиот тендер на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, во последниве десетина години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марковски компани лани од ЕСМ добила тендери во вредност од 25 милиони евра

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 24,9 милиони евра

Станува збор за тендер за ископ на јаловина со градежна оператива во ПЕ Рудници (РЕК Битола), вреден 1.534.000.000 денари или 24.943.089 евра..

Која е фирмата Марковски компани

За фирмата Марковски компани неможат да се најдат речиси ни основни информации на интернет, а интересно е дека компанијата нема ниту веб страница, а станува збор за фирма која во континуетиет добива тендери со високи суми на ЕСМ во изминативе години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Основана е во 2002 година, со влог од 2.500 евра.

Се занимава со ископ на земја, земјени работи, набивање темелни столбови, изградба на темелна плоча, бетонирање, изградба на патишта, или се што спаѓа во нискоградба, стои во една од ретките основни информации за фирмата на интернет.

Кој е сопственик

Сопственик на Марковски компани е Борче Марковски, кој во 2016 година стана почесен конзул на Белорусија во Македонија, од кога е и овој скрин шот на кој е во друштво на амбасадорите на Русија и Белорусија (тој е во средина), кое е едно од многу ретките појавувања на Марковски во јавноста.

Фирмата доживува подем во 2012 година, кога почнува да добива тендери, стои во анализата на неделникот Фокус од пред две години, а нејзините приходи и профит секоја наредна година растат.

Иако пред непосредната промена на власта во 2017 година, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој тогаш беше опозиционер, обвинуваше дека фирмата е блиска со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, фирмата продолжи да добива тендери на ЕСМ и по промената на власта, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ склучи договор со “Марковски компани Борче“ вреден 2,5 милиони евра

ЕСМ склучи договор “Марковски компани Борче“ вреден 6,5 милиони евра

ЕСМ склучи договор со “Марковски компани Борче“ вреден 19,5 милиони евра

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Се реновира хотелот Молика на Пелистер

Редакција

Без симптоми 588 од заразените од коронавирусот во Македонија

Редакција

(Галерија) Скопје „искулира„: „Chill The Funk Out!“, конечно убава журка во парк

Редакција