еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Александар Бајдевски, старо-новиот заменик министер за информатичко општество и администрација

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите заменици министри.

Кој е Александар Бајдевски

Александар Бајдевски е старо-новиот заменик министер за информатичко општество и администрација.

Бајдевски е роден 1977 година.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, каде се стекнал со звањето дипломиран економист на насоката финансиско сметководствен менаџмент.

Говори англиски јазик.

Политичка кариера и работно искуство

Од 2000 до 2005 година е советник во Советот на Општина Кисела Вода.

Во 2005 година е ангажиран како советник за статистичко-аналитички работи во Централниот регистар.

Во периодот од 2005 до 2006 година работи како соработник во канцеларијата на претседателот на Владата.

Од 2006 до 2010 година е ангажиран во Генералниот секретаријат на Владата, прво во Секторот за анализа и координација, потоа во Секторот за општи работи.

Од 2011 година работи во Министерството за информатичко општество и администрација во секторот за финансиски прашања.

Функцијата заменик-министер за информатичко општество и администрација ја извршува од јуни 2017 година.

Исто така е заменик член на Комитетот за буџет на Регионална школа за администрација-РеСПА, Даниловград.

Учествувал на повеќе стручни обуки во државата и странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Реџепи, заменик министерот за транспорт и врски

Кој е Филип Николоски, новиот заменик министер за финансии

Кој е Владимир Рендевски, новиот заменик министер за здравство

Фото: МИОА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: „Ќе се обидам да формирам нова Влада, но доколку не успеам, единствена опција се брзи избори“

Редакција

„Ме измамија мангупи, а јас комуникативен“: Зоран Заев и руските комичари хит во регионалните медиуми

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Редакција