еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е бугарскиот претседател Румен Радев, кој ја разбранува јавноста во Македонија

Барањето на бугарскиот претседател Румен Радев, безбедносните служби на Бугарија да истражат дали се почитува правото на самоопределување на етничките Бугари во Македонија ја разбранува јавноста во земјава, а остро регираше и македонскиот државен врв, кој ретко возвраќа на постојаните провокации од бугарските колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Кој е Радев?

Румен Георгиев Радев е роден во јуни 1963 година во Димитровград, Бугарија.

Во 1982 година завршил математичко училиште во Хасково, стои во неговата официјална биографија.

Во 1987 година дипломирал на Универзитетот за воздухопловство „Георги Бенковски“ како првенец на генерацијата.

Во периодот од 1994 до 1996 година учел на воената академија „Георги Раковски“, каде исто така бил првенец на генерација.

Тој има докторска дисертација за воени науки во полето на тактичка обука на авионски екипи и симулирање воздушна борба.

Во 2003 година завршил колеџ за воздухопловство во САД и се стекнал со титулата магистер за воени стратегии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е бугарската фирма “Scalefocus“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на дијаспората

(Фото) На пописот има графа „Бугари“: На последниот како Бугари во Македонија се изјасниле 1.417 граѓани

Професионална кариера

Радев стана претседател на Бугарија во јануари 2017 година, како независен кандидат поддржан од Социјалистичката партија.

Претходно беше командант на бугарските воздухопловни сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состанокот на Радев со безбедносните служби за Бугарите во Македонија е грешка во чекори, вели Шекеринска

Пендаровски: Бугарскиот претседател Радев се меша во внатрешните работи на Македонија

Заев до Радев: Недозволиво е мешање на една земја во друга, разузнавачки служби не ги утврдат правата на граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавиле уставните судии: Ајдари има стан и куќа, а вози Мазда 3

Редакција

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за денар и половина

Редакција

(Видео) Во Загреб се урна беспилотно летало од руско производство, не се знае дали е на Украинците или Русите

Редакција