еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е разрешениот државен правобранител, Фехми Стафа

Владата на вчерашната седница го разреши државниот правобранител, Фехми Стафа. Од Државното правобранителство пак соопштија дека тој поднел оставка поради лични причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Државното правобранителство велат дека Стафа поднел оставка од лични причини

Разрешен државниот правобранител Фехми Стафа

Кој е Стафа

На пошироката јавноста Стафа и стана познат по случајот со хонорарите за презентерката Бесмира Ејупи, како и по скандалот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

Во случајот со Ејупи, Државното правобранителство исплатило 247.658 денари за нејзин ангажман од април лани до февруари годинава, а од Антикорупциска комисија посочија дека таа добивала хонорари за непостоечки работни позиции.

Стафа пак за неуспехот на државата да конфискува 17 милиони евра од Кочан ги посочи обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски.

Тој поднесе и кривична пријава за неуспешната конфискација на имотот на фирмата на Кочан, Трансмет против Бубевски и Ајро, како и кривична пријава против сега разрешениот директор на финансиската полиција, Арафат Муареми.

Обвинителите пак посочија дека нивната надлежност завршува со правосилноста на пресудата, а во стечајната постапка која се одвива во меѓувреме, доверител е државата која треба да го конфискува имотот и нејзин правен застапник е Државното правобранителство.

Јавното обвинителството ја истражува и улогата на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на Кочан, а Муареми покрена повеќе постапки за Стафа, меѓу кои и за ангажманот на Ејупи, како и предмет со кој се истражува имот што наводно ги поврзува фамилијата Кочан и Стафа – земјиште со куќа.

Што пишува во неговата биографија

Стафа дипломирал на Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово, а моментално е магистрант на Универзитетот ФОН, отсек – Казнено право.

Кариерата ја започнал во 2005 година во Основниот суд – Скопје 2, каде работел до 2009 година.

Следната година работел во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а од 2010 до 2018 година во Основен суд – Скопје 1.

Има положено правосуден и нотарски испит.

Државен правобранител стана во август 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил разрешениот државен правобранител Фехми Стафа

Фото: Државно правобранителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Таравари најбогат, колку вредат анкетните листови на претседателските кандидати

Редакција

29-годишно момче од струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција

ОН: Позагаден воздухот, поголема смртност од Ковид-19

Редакција