еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Роберт Голоб, можниот нов премиер на Словенија

Новата влада во Словенија ќе ја формира Роберт Голоб од Движењето за слобода, кој е победникот на вчерашните парламентарни избори.

Голоб победата ја дочека во изолација, откако деновив се зарази со коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Менаџерот Роберт Голоб го победи Јанез Јанша на парламентарните избори во Словенија

Кој е Голоб

Голоб е 55-годишен инжинер.

Родум е од Горица, а својата политика, како што пишуваа периодов словенечките медиуми ја опишува како „малку лево-малку десно“.

Од 2006 година до минатиот декември тој беше генерален директор на државната електроенергетска компанија „Ген-И“.

Во јануари годинава го формираше Движењето за слобода откако ја презеде малата Зелена партија.

Менаџер кој отсекогаш беше во кругот на политиката

Важи за прилично богат човек, над словенечките стандарди, како што пишуваа тамошните медиуми периодов.

Интересно за Голоб е што отсекогаш бил присутен во политиката, директно или индиректно.

Веќе беше државен секретар за енергетика во владата на Јанез Дрновшек, а подоцна и потпреседател на партијата, Позитивна Словенија, на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Фото: Фејсбук/Голоб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Така е кога заедно играат фудбал Македонци, Албанци, Турци… Историскиот пласман на ЕП ја сплоти Македонија: Твитер реакции

Редакција

(Видео) Хрватски фудбалски навивачи на Динамо во Атина убија 29-годишен навивач на АЕК

Редакција

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција