еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коѕијас: Северна Македонија има сопствен јазик, Бугарија се прави Херкулес без мускули

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и неговата ВМРО прават од Бугарија Херкулес без мускули и се дестабилизирачки фактор на Балканот, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас за порталот Еуроактив.

„Таквата позиција на Бугарија кон Северна Македонија е поради тонот што го дава крајно десната партија во власта, претставена од министерот за одбрана. Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ.

Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тоа им го посочивме на европејците“, вели Коѕијас и додава дека Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Северна Македонија се роди нова нација, која има свој сопствен јазик.

„Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Северна Македонија се роди нова нација, која има свој сопствен јазик.

Наместо да го признае тоа и да придонесува за мирот и за пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, правејќи се Херкулес без мускули“, вели тој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија урива црни рекорди: За еден ден 22 починати од Ковид-19

Редакција

Дел од увозниците на јужно овошје имале шпекулативен однос кон пазарот

Редакција

До Собранието поднесен предлог за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Редакција