еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој се е дел од владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија

Владата на седница го донесе Решението за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Македонија и Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја.

Како што соопшти владината Прес-служба, за копретседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за економија, трговија и иновации се назначени Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, а за членови се определени Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија.

Членови на Комисијата треба да назначат и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и за надворешни работи, Фонд за иновации и развој, агенциите за странски инвестиции и промоција на извозот и за промоција на туризмот, како и Министерството за економија за делот на енергетиката.

За копретседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за инфраструктура, транспорт и поврзување се назначени Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

За членови треба да бидат назначени уште претставници на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, како и на министерствата за финансии, за економија и за надворешни работи.

Со заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики за копретседавачи се назначуваат Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Славица Грковска, вицепремиер за политики за добро владеење и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, а членови во оваа работна група треба да назначат и министерствата за надворешни работи, за финансии и за правда.

За копретседавачи на заедничката меѓувладина работна група за култура, наука и образование се назначува Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура и Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

За членови во групата треба да бидат назначени и претставници на министерствата за економија и за надворешни работи и агенциите за промоција и поддршка на туризмот и за млади и спорт.

– Дополнително ќе се назначат и копретседавачи и членови за работната група којашто треба да се состои од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, се вели во владиното соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Освежи го својот дом“: Саемот на мебел ќе се одржи од 20 до 24. март

Редакција

Промена на времето: До понеделник суво и топло, од вторник заладување

Редакција

Македонската берза во „црвено“ поради корона вирусот

Редакција