еМагазин
Image default
Бизнис

Кои производи и услуги нудат најдобра вредност за парите кои ги трошите на нив

Истражувањето на ICERTIAS за Best Buy Award за 2019/2020 ги објави брендовите кои нудат најдобра вредност за парите според искуството на македонските потрошувачи

„Со цел да се поедностави потрагата за најдобри производи и услуги по најповолни цени на македонскиот пазар, меѓународната организација ICERTIAS го спроведе истражувањето на пазарот за Best Buy Award General I 2019/2020.

Граѓаните беа дел од истражувањето во околу 50 различни економски и неекономски категории од различни сектори, меѓу кои малопродажба, прехрана, козметика, уреди за домаќинството, телекомуникации и финансии.

Преку отворени прашања, истражувањето ICERTIAS Best Buy Award го испита мислењето на испитаниците од Македонија во однос на производите и услугите за кои тие веруваат дека претставуваат најдобра зделка (односно нудат најголема вредност за нивните пари)“, се вели во соопштението.

Меѓу победниците на независното истражување на пазарот за Best Buy Award 2019/2020 се: KAM во категорија супермаркети; Витаминка во категорија производители на кечап; Милка во категоријата производители на чоколадо; KIA во категоријата производители на автомобили; Sport Vision во категоријата синџир за спортска облека, спортски обувки и опрема; Teлекабел во категоријата оператори на мобилни телефони и интернет за домот, Triglav во категоријата осигурителна компанија.

Некои од победниците во другите категории се: Argeta (паштета); Nescafé (инстант кафе); Bimilk (јогурт, млеко); Скопско (светло пиво); Виталиа (инстант супа, житарки); Divella (тестенини); Вива (производител на овошни сокови); Plazma (бисквити); Здравје Радово (сирење); Кристал (маргарин), Пелистерка (негазирана минерална вода); Савана (патничка агенција); Neptun (малопродажба на бела техника); Cosmo (синџир парфимерии); Schauma (шампони); Colgate (паста за заби); Ariel (детергент за алишта); Ornel (омекнувач за алишта); Пеко (продавница за чевли); Жито Лукс (производител на леб); Братство (производство на садови за готвење); Зегин (синџир аптеки); Макпетрол (бензински станици).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Теиком тим“, вреден 2,8 милиони евра

Редакција

Македонската берза им изрече јавна опомена на три компании

Редакција

Недостигот од квалификувана работна сила најголема мака на преработувачите

Редакција