еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се хотелите кои најмногу „ќариле“ од ваучерите за поддршка на домашниот туризам

Хотелите „Дрим“ и „Изгрев“ имаат најмногу туристи со ваучери за поддршка на домашниот туризам, информираат од Министерство за економија за еМагазин.

Инаку, од 15 јули до денес издадени се 94.316 ваучери, а заклучно со вчера искористени се 4.351 ваучери.

„Најмногу ваучери се искористени во Струга, Охрид, Дојран, Берово, Маврово, Битола и Попова Шапка.

Има искористеност и кај хотелските капацитети, но и физички лица, автокампови и одморалишта,“ велат од Министерство за економија.

Предвидено е издавање на 117.122 ваучери за граѓани со ниски примања, и истите може да се искористат до 15 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издадени 94.316, а искористени 4.351 ваучери: Домашните туристи летуваат и на езеро и на планина

Фото: Фибула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата во Железници Транспорт

Редакција

Докторка вработена во струшката болница прегледувала пациенти дома, инспекторите предлагаат одземање на нејзината лиценца

Редакција

Нови 176 случаи на корона вирусот, вкупната бројка заразени надмина 6.000 лица

Редакција