Во периодот што следува се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. Стопанска Банка АД Битола и понатаму будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамикaта на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност, информираат од Банката преку Македонската берза.
„Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што беа најпогодени од кризата со Ковид-19.
Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува континуираниот развој и усовршување на информативната технологија, како и примена на нови Business Intelligence решенија, дигитализација на продуктите и сервисите на Банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите, што е во согласност со стратешките цели на Банката.
На таков начин планираме да го таргетираме сегментот од населени кои поинтензивно ги користи услугите на дигиталното банкарство преку мобилните и останатите електронски уреди, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимално физичко присуство на клиентите во банките.
Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели на Банката„, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Битола лани со нето добивка од 81,45 милиони денари