Во Годишниот извештај за работењето на Стопанска банка АД Скопје за минатата година, објавен преку Македонската берза, е објавена информиција и за вкупните примања на Управниот одбор, лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје лани
“Во 2021 година, вкупен бруто износ од 29.164.214 денари (плата од 24.464.600 денари и надоместоци од 4.699.614 денари) е исплатен на членовите на Управниот одбор“, стои во извештајот.
Членови на Управниот одбор на Банката се Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор, Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, Милица Чапаровска-Јовановска, генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор и Бојан Стојаноски, генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда
Стопанска банка Скопје во првите три месеци ја зголемила добивката за 30%
Стопанска банка Скопје лани работела со зголемена добивка