еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро, предложи Комисијата за заразни болести

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.

„Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.

Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект,“ се вели во соопштението.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците и Црногорците најмногу користат интернет, Србите најмногу купуваат онлајн

Редакција

По две години и девет месеци напаѓачот на Шекеринска излезе од затвор

Редакција

Димитар Ковачевски избран за мандатар на новата влада

Редакција