еМагазин
Image default
Бизнис

ССМ: На жените им требаат работнички права, спречување на насилство и вознемирување на работа

Изминатата година, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, жените работнички биле изложени на работа во специфични услови, на незаконско намалување на платите, отпуштања и притисоци и вознемирување на работното место, информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Оттаму упатуваат апел до Владата да ја ратификува Конвенцијата C-190 на Меѓународната организација на трудот за спречување насилство и вознемирување во светот на работата која ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата.

– Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или било каде, велат од ССМ.

Потсетуваат дека мал е и бројот на жени на раководни позиции, дека помалку се платени жените и оти јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени. Затоа, сметаат дека е потребно е да се обезбеди рамноправно учество на жените во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП „Комуналец“ Гостивар склучи договор со Расим Транс вреден 576,6 илјади евра

Редакција

За постапката за надзорот за автопатите одговараат институции што ја спровеле, вели премиерот

Редакција

Затворени угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време

Редакција