еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитетите од Украина во државава

Две компании од индустриските зони побарале да им се овозможи фирмите ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава.

Како што информира денеска директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Јoван Деспотовски, доколку нема промена во ваквото барање за кое е разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на капацитетите би се реализирал брзо, за три до шест месеци.

Според Деспотовски, се зголемува и интересот странските инвестиции кои првично биле планирани за Централна и Источна Европа, сега да се префрлат во Северна Македонија.

-Воопшто не се радуваме за вакви инвестиции, но ќе излеземе во пресрет. Компаниите немаат никакви посебни побарувања, напротив само практични, истакна Деспотовски.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пелистерка“ го номинира Стевчо Јолакоски за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Божиновски на судењето за „Талир 2“: Повредено ми е правото на одбрана

Редакција

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Редакција