еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Конкурс за стипендии за студии на универзитeти рангирани на Шангајската листа

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за македонски државјани кои во академската 2019/2020 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на универзитет кој e на последната објавена ранг-листа на Центарот за универзитети од светска класа при универзитететот Џио Тонг од Шангај.

Стипендиите се доделуваат ако кандидатот е запишан на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектура, градежништво, математика, меѓународно право, економија и финансии, физика, биологија, хемија и генетика.

За сите три цилуси на студии (додипломски, постдипломски и докторски) на корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно.

Секој повисок износ за уписнина од наведениот е на товар на студентот.

Избраниот кандидат ќе добие и еден повратен авионски билет, а месечната стипендија се исплаќа согласно со Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за 2019/2020, врз основа на Листата на индекси на цени за животни трошоци на Обединетите нации.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 15 септември 2019 година.

Документите треба да се достават на адреса на Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака: стипендии за академски студии од прв (односно втор или трет) циклус во странство.

Во трите конкурси, кои се објавени на веб-страницата на МОН, наведени се потребните документи и критериумите за избор на кандидатите за стипендија, како и обврските што тие ќе ги имаат кон државата по завршувањето на студиите во странство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вицепремиерот Димитров честиташе Велигден со јајца што светат ноќе

Редакција

Викендов променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Редакција

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за коронавирусот

Редакција