еМагазин
Image default
Македонија

Корејците покажаа „големо срце“ по вербалниот напад: Македонците се многу љубезни, тоа е само изолиран случај

Тоа што се случи во Скопје пред неколку денови кога бевме вербално нападнати е само еден изолиран случај што го имаме доживеано во Македонија досега, рече Еди Че од Heavenly Culture World Peace Restoration of Light“ (HWPL), која одржува работилници во повеќе градови во земјава на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од седум, осум, 12 и 13 години.

Еди Че ова го изјави како одговор на новинарско прашање за неодамнешниот вербален напад од граѓанин во Скопје, кој им се обрати со погрдни зборови дека се пренесувачи на корона вирусот.

„Сметаме дека Македонците се многу љубезни и тоа сме го почувствувале многу пати досега во изминатите четири години колку што сме тука“, додаде Еди Че, кој заедно со неговите колеги денеска имаше предавање за учениците во струмичката гимназија „Јане Сандански“ во Струмица.

На приемот на членовите на оваа организација вчера во МНР им се извини и државниот секретар, Зоран Попов. Во соопштението од Министерство за надворешни работи стои дека остро го осудуваат овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваат надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот.

Вчера извинување упати премиерот Оливер Спасовски, кој потенцира  дека говорат на омраза, недоличното однесување, говорот кшто создава фрустрации и конфронтации во македонското

„Дури и тогаш кога се употребува во политички цели тоа создава поголеми конфронтации и меѓу населението. Им се извинувам и апелирам на одговорност кај граѓаните“, рече Спасовски.

МИА/Фото: МНР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азијците кои беа нападнати и навредувани во Скопје поради корона вирусот биле од Обединетите Нации

МНР им се извини на Корејците кои беа нападнати и навредувани во Скопје

(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неколку дена продолжен зимскиот распуст за учениците

Редакција

Ѓорчев: Интересно би било Македонија и Бугарија да понудат чествување на раѓањето на Делчев пред во Кукуш

Редакција

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето

Редакција