Во Ресен, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера беа регистрирани нови 12 заразени со Ковид-19.
Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 85, од кои активни се 83 случаи, а малата општина има вкупно повеќе случаи на заразени со корона вирусот од неколку поголеми градски општини.
Здравствените власти пред извесно време информираа дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер, кој доби и кодно име “Куќна слава Ресен“.
Поради новонастаната ситуација во Ресен беа затворени неколку големи компании, по одлуката на тамошниот Кризен штаб вработените да не одат на работа извесно време, додека ситуацијата не се стабилизира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Болниците се полнат, во потешка состојба 58 пациенти заразени од корона вирусот
Детален преглед по општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заразени од корона вирусот
Филипче: Вториот бран на корона вирусот посилен од првиот
Фото: Општина Ресен