еМагазин
Image default
Македонија

Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбито во бегство

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со возило комби бил илегално внесен од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Северна Македонија.

Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки“ и е проследен во натамошна судска процедура.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Полицијата во Арачиново пронајде дел од украдената марихуана од Јосифово, осомничени шест лица

Редакција

Багер на Бехтел и Енка спречил голем шумски пожар кај Кичево: Како компаниите може да помогнат

Редакција

Академик Ќулавкова: Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие ја повредувате химната на македонската држава  

Редакција