Косовскиот амбасадор во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај, денеска во КПУ Затвор-Скопје го посети поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, откако вчера Основниот кривичен суд – Скопје му го одобри барањето за посета.
По посетата амбасадорот Дедај на својот Фејсбук профил напиша дека Томор е многу добро, оти се чувствува невин и очекува да биде ослободен.
– Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, дирекцијата на затворот Шутка во Скопје, за коректниот и пријателскиот третман што ни дозволи наша посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, приведен неодамна од властите на Северна Македонија, врз основа на меѓународна потерница за апсење на Интерпол.
Томор е многу добро, мирен e. Се чувствува целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме дека многу скоро ќе се врати со неговото семејство и во Косово, пишува амбасадорот Дедај на Фејсбук.
Морина беше приведен на 25 јули годинава на граничниот премин Блаце по потреница издадена од Интрепол. Српските власти бараат Морина да биде екстрадиран во Србија, а властите во Приштина, пак, да биде ослободен и вратен на Косово.
МИА/Фото: Фејсбук/Дедај
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичниот суд чека мислење од Обвинителството да се произнесе за екстрадицијата на Морина
„Оваа е таа подвоеност на владата и судството?“: Османи и Нухиу на „тапет“ на Твитер за Морина
Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина
Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК
Заев: Мора да се почитува домашното и меѓународното право, Морина ги има сите права