еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Косовскиот Уставен суд ја прогласи Владата за нелегитимна, Косово пред нови избори

Уставниот суд на Косово синоќа го прифати барањето на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) за прогласување за неважечки на еден од гласовите на пратениците за избор на владата на Абдулах Хоти и одлучи дека треба да се организираат вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вонредните избори, според одлуката на Судот, треба да се одржат во рок од 40 дена од нивното прогласување од страна на претседателот на Републиката, а во конкретната ситуација тоа треба да го стори вршителката на должноста на таа функција, Вјоса Османи.

Претходно, политичките и правните претставници на ВВ и на актуелната Влада ги изнесоа своите ставови во однос на легитимноста на гласот на пратеникот Етем Азири, кому ВВ на претходниот премиер Албин Курти му го оспори правото да биде пратеник, а со тоа и правото на глас за избор на новата влада.

Причина за спорење на легитимитетот на пратеникот од партиите на немнозинските етнички заедници, е тоа што пред да биде избран за член на законодавниот дом на Косово бил правосилно осуден на 15 месеци затвор заради кривично дело злоупотреба на службената должност.

Уставниот суд одлучи дека Азири немал право да гласа, а со оглед дека со неговиот глас кабинетот на Хоти го обезбеди минималното потребно мнозинство од 61 пратеници во 120-членото Собрание на Косово, со поништувњето на тој глас досегашната влада го изгуби легитимитетот.

Во соопштението што вечерва го објави Судот, се вели дека досегашните одлуки на Владата остануваат на сила, како и дека кабинетот на Хоти ќе продолжи да ги извршува должностите до изборот на новата влада.

Владата на Хоти беше избрана на 3 јуни годинава, откако претходно беше изгласана недоверба на владата на Албин Курти, кој ја водеше земјата во претходните четири месеци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се огласи претепаниот Божиновски: Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено

Редакција

Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања

Редакција

Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10

Редакција