еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10

Премиерите на Северна Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ денеска најавија модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10.

Ковачевски истакна дека мора да се инвестира во железничката инфраструктура на Коридорот 10 заради зголемување на капацитетот и зголемување на брзините на транспорт, додека Брнабиќ потенцира дека еден од следните приоритети на српската Влада е брза железница од Белград до границата со Северна Македонија.

– Во однос на железничката пруга која што се гради во Србија премиерката ме информираше за плановите, а во исто време и јас неа ја информирав за нашите планови на изградбата на инфраструктурата.

Ние имаме отпочнување на еден голем инвестициски циклус во Северна Македонија особено изградбата на Коридор 8, патната и железничката инфраструктура со оглед на тоа што Коридорот 10 што не поврзува со Република Србија и со Република Грција е комплетно изграден во делот на автопатското решение, рече Ковачевски.

Затоа кога разговараме со нашите европски партнери, посебно со ЕУ, со мултилатералните финансиски институции и кога разговараме за регионална соработка помеѓу двете земји, според премиерот, еден од приоритетите треба да ни биде и ќе ни биде заеднички настап во обезбедување на финансиски средства за модернизирање на железничката инфраструктура на Коридорот 10.

Српската премиерка Брнабиќ рече дека инфраструктурното поврзување и изградбата на патишта и пругите за што подобро поврзување на регионот е еден од основните столбови на регионалната соработка и поврзување.

– Тоа обезбедува не само економиите и стопанствата да се поврзуваат и еднакво важно е, ако не и поважно, во одредени ситуации е да се поврзуваат и луѓето, да имаме запознавање, размена на искуства, знаење, патување, нешто што гарантира подобра иднина на нашите земји.

Република Србија многу вложи во инфраструктурно поврзува со регионот и изградба на патишта и уште повеќе ќе вложи во изградба на пруги, рече таа.

Брнабиќ изрази задоволство што во нејзиниот мандат е завршен Коридорот 10, и потенцира дека следен приоритет на српската Влада е брза пруга, односно комплетна  модернизација на железницата на Коридорот 10 односно пругата од Белград до границата со Северна Македонија.

Премиерите Ковачевски и Брнабиќ денеска во Скопје учествуваа на Регионалниот самит Македонија 2025, а имаа и билатерална средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Ковачевски-Брнабиќ: Односите на Македонија и Србија на исклучително високо ниво

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

Редакција

Главоболки за Владата и Уставниот суд: Поднесени осум иницијативи за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците

Редакција

Македонската армија 108. во светот, прва е армијата на САД, а втора на Русија

Редакција