еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски и Донев разговарале како мирно и безбедно да се одбележи раѓањето на Гоце Делчев на 4. февруари

Премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, денеска имале телефонски разговор за актуелните случувања во односите меѓу двете земји.

Прес-службата на бугарската Влада соопшти дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, в понеделник на 30 јануари вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“, Пламен Тончев ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

– Донев и Ковачевски разговараа и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на РС Македонија со бугарски идентитет.

Во разговорот, премиерот Донев повторно потсети на очекувањата, РС Македонија да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Граѓани ќе блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Спасовски повика граѓаните да не ги блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русија по речиси 50 години се враќа на Месечината

Редакција

Реакција на Иванов за постапките на Антикорупциска: Указите се донесени согласно Уставот

Редакција

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта

Редакција