еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски не одговори дали е прифатлив предлогот на дел од албанските партии албанскиот да стане рамноправен со македонскиот јазик

Уставните измени се прашања на процедура и штом се обезбеди поддршка од страна на сите, тогаш треба да започне таа процедура во која ќе учествуваат сите политички партии, експерти по уставно право и Министерството за правда и низ една дискусија да се дојде до целта, односно Устав кој ќе соодветствува на најголемото мнозинство кое е застапено во парламентот, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан за неговиот став за предлогот на неколку политички партии од албанскиот блок, односно дали е прифатливо во Уставот да се укине формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“, според нив, ќе било и услов за усвојување на уставните измени, Ковачевски рече дека добро е што се разговара за уставните измени, и добро е што веќе нема политичка партија која се противи на спроведувањето на уставните измени.

-На почетокот знаете дека имаше политички партии, особено ВМРО-ДПМНЕ кој по никоја цена не сакаше да разговара, меѓутоа сега имаат став во кој што е различен и велат „да“ може да се разговара со одредени услови, исто како и другите политички партии кои имаат исто свое гледање на уставните измени, истакна Ковачевски на прес-конференцијата на која ги презентираше мерките за поддршка на стопанството и граѓаните.

Потенцираше дека на сите треба приоритет да им биде продолжување на патот до Европската Унија и тоа да биде приоритетот и за ова прашање, зошто почнуваат уставните измени, а тоа е, како што рече, што побргу затворање на скрининг фазата на преговотите и отворање на прговарачките поглавје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Алијанса за Албанците и Беса, со свој предлог за уставни измени и Алтернатива

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците

Редакција

Телма: Оркестиран напад на телевизијата од Ковачевски и Ахмети

Редакција

Маж во Грција се удави обидувајќи се да спаси жена, телото му испливало на местото каде пред неколку децении убил девојка

Редакција