еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски очекува извештај за процедурите за државјанството на Онишченко

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето позитивни мислења за доделување државјанство на Украинецот, Олександр Онишченко да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.

-Владата носи одлуки врз основа на мислења од страна на институции кои учествуваат во носење на одредена одлука. При доделувањето на конкретното државјанство, рече, беа доставени сите позитивни мислења од сите институции кои што требало да дадат мислење и врз основа на тоа министрите се изјаснуваат, а со оглед дека сите документи биле со позитивни мислења од сите институции, донесено е и позитивно решение.

Секој министер дури и претседател на Влада, не може да ги знае процедурите во секоја институција, а овде биле вклучени четири институции. Очекувам таков извештај да биде доставен до Владата за да можеме да видиме на кој начин биле изработени тие мислења, рече Ковачевски на новинарско прашање за случајот со доделување државјанство на Онишченко на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Скопје по повод заедничката седница на владите на двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Онишченко кој доби македонско државјанство пријавен на адреса во Пржино, никој никогаш не го видел

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просекот на заболените со коронавирусот во Македонија останува 43,5 години

Редакција

(ВИДЕО) На Ајан му се исполни најголемата желба, го победи ракот

Редакција

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Редакција