еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски тврди дека во македонското Собрание имало пратеник од УДБА, ама не кажа кој е

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во македонското Собрание имало пратеник од УДБА, ама не кажа кој е.

-Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има? Да ја види државата во ЕУ? Тој кариера изградил за државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. И вие од него очекувате да ја носи државата во ЕУ? Тоа не може.

Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари, кои виделе што сакаат новите генерации“, рече денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со уставните измени, за кои нема мнозинство во Собранието.

УДБА е тајната разузнавачка служба на поранешна Југославија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар шест новозаразени со Ковид-19

Редакција

Љубчо Георгиевски: Ветото на Бугарија ќе биде континуитет на бугарската катастрофална политика

Редакција

Алијансата за Албанците за бегството на Војминовски: Убиена последната надеж дека правдата ќе се врати во Македонија

Редакција