еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски ќе свика лидерска средба за 7. ноември

Премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, што ќе се одржи в понеделник, на 7 ноември, во Собранието.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, како што соопшти владината прес-служба, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, стои во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица не ја почитувале мерката за самоизолација, 845 прекршоци за неносење маска

Редакција

Обвинителството поднесе жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Редакција

Македонски тинејџери во Њујорк добија глобално признание за иновативно решение за спречување на насилство  

Редакција