еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски во САД го зел и синот, вели оти тој платил за неговото патување

Приватните патувања на членовите на моето семејство никогаш не биле на товар на Буџетот на Македонија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан дали дали на товар на државата во САД патувал и неговиот син.

– На патувањата кои одам, зависно од поканата и од протоколот, како што е случајот и со други претставници на власта, сум придружуван од мојата сопруга, зависно од тоа дали има покана и настан на кој ќе присуствува, а приватните патувања на кои патуваат другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Доколку е потребно, рече Ковачевски, за секое нивно патување ќе и доставувам сметки на јавноста но сметам дека тоа е беспредметно.

– Моите деца патуваат како и сите други деца. Доколку е потребно за секое нивно патување кога посетуваат роднини или како на пример мојот син игра фудбал и често оди во странство, ќе и доставувам сметки на јавноста, меѓутоа сметам дека тоа е беспотребно со оглед на тоа што како и сите други граѓани во државата, секој има право да патува во рамки на своите приватни активности, изјави Ковачевски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар АСНОМ вреден 822.000 евра

Редакција

Бизнисот против замрзнување на цените, смета дека државните резерви се подобар механизам

Редакција

Анкета на МЦМС: Мнозинството од граѓаните нема доверба во Владата, 78% сметаат дека земјата е во политичка криза

Редакција