еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски во Вилнус се сретна со Мицотакис: Грција останува силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Пресек на севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Грција направиле денеска премиерите на девете држави, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицоакис на билатералната средба на маргините на НАТО Самитот во Вилнус, при што ја потенцирале подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план.

Како што јави известувачот на МИА од Вилнус, двајцата премиер изразиле задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Грција.

Ковачевски и Мицотакис, како што информира Владата, истакнале дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласиле дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Премиерот Ковачевски му ја честитал победата на неодамнешните избори на својот грчки колега Мицотакис и изразил уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Воедно се заблагодарил за силната грчка поддршка на процесот на интегрирање на Македонија во Европската Унија.

На средбата соговорниците разговарале и за актуелните регионални теми.

За билатералниот состанок информираа и од грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина билатералните односи и ситуацијата во регионот, биле во фокусот на средбата на премиерите.

-За време на средбата разменија мислења за последните случувања во регионот, а ги разгледаа и билатералните односи и ја реафирмираа волјата за нивно продлабочување, информираа од Кабинетот на Мицотакис.

Ова е прва средба на премиерите на двете земји по избрите во Грција на 25 јуни и е на само четири дена откако Владата на Мицотакис доби доверба од Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ковачевски со сопругата на свечена вечера во Вилнус се дружеше со Зеленски, Макрон, Блинкен…

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ треба да функционираат нормално, вели бугарскиот министер Милков

Редакција

За десет дена, околу 500.000 деца ја напуштиле Украина

Редакција

Винарија Камник со нов производ: Првото македонско 100% Carménère

Редакција