еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски-Зеленски: Македонија ќе продолжи со поддршката на Украина колку што ќе биде потребно

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Атина оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на средбата, премиерот Ковачевски ја нагласил континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот.

-Осудувајќи ја бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина, Ковачевски повтори дека Северна Македонија ќе продолжи со недвосмислена и силна поддршка за Украина, во нејзината самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет.

Овој пристап, Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина, се наведува во соопштението од Владата.

Премиерот Ковачевски истакнал дека Македонија ќе продолжи да и помага на Украина се додека тоа е потребно, преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правеше и досега.

Украинскиот претседател Зеленски, како што се наведува во соопштението, изразил благодарност за поддршката на Македонија на Украина од почетокот на воената агресија, која е значајна за украинските сили и која украинскиот народ високо ја цени. Зеленски на средбата информирал за најновиот развој на состојбите на теренот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

32% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

МВР склучи договор со “Би-ел инжинеринг“ вреден 1,2 милион евра

Редакција

Ќе има и митинзи и посети од врата на врата, а ќе гласаме со маски, готов е протоколот за изборите

Редакција