еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски советува како да се заштити приватноста на социјалните мрежи

Креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски на неговиот фејсбук-профил објави совети како да се заштити приватноста на Интернет.

„Живееме во време каде што правдата и човековата свест доведуваат до многубројни инциденти како „Јавна Соба„, па еве неколку совети како да си ја заштитиш приватноста онлајн, не само од манијаци, туку и од криминалци.

1) Роденден

Нема потреба секој на интернет да го знае твојот датум на раѓање. Прилично сензитивна информација што отвара врати за злоупотреба. Тргни го од ФБ (или направи група на блиски пријатели за само они да го гледаат), и по можност не објавувај јавно слики од самиот роденден (ако веќе сакаш, 2,3,7 дена покасно објави ги за да не е јасен датумот).

Не сакам да откријам повеќе детали околу ова, бидејќи уште се карам со институции кај нас, но само со помош на роденден, може да се дознае сè за тебе, дури и на врата дома да ти дојде некој. Не дозволувај секој да ја имаа таа опција, бар дур не се разберам со Агенција за заштита на личните податоци.

2) Телефонски број

Освен ако не водиш бизнис, нема потреба телефонот да ти е јавен. Провери во About секцијата на твојот ФБ профил дали приватноста на телефонскиот број е ставена на Only Me. Ако имаш Professional Instagram акаунт, сепак дали е потребно да ти е јавен контакт телефонот?

Ако имаш договор со Телеком за фиксна линија, провери на нивните Macedonian White Pages страна дали те има. Ако те има, побарај да те избришат од таму.

3) Онлајн разговори

Сите знаеме дека ФБ не е надобрата чет алатка. Пораките засекогаш седат на нивните сервери. Ако не ми веруваш, одбери тука Messages и види што се ќе ти се покаже: www.facebook.com/dyi.

Наместо на ФБ, користи побезбедна чет алатка, како Signal, Telegram, па дури и Viber.

Кога збориме во живо, нема нигде запишана историја на нашиот разговор, зошто да го има тоа онлајн? Треба тоа да го направиме да е нов стандард, не само во ситуации со потенцијално критични информации.

Можеш да користиш disappearing/secret chats на скоро сите популарни чет апликации. Вибер посебно има понапреден disappearing chat опција, што за разлика од кај другите, те известува ако некој направи screenshot на разговорот.

4) Отворени профили

Размисли дали навистина треба да дозволиме сите да нè следат на ФБ/инста/тикток. Освен ако не си јавна личност, не е најпаметно да се дозволи секој да гледа секој детал од твојот личен живот.

Пример, манијаци на страна, ако ставаш сториња од плажа јавно, значи дека дома не си, а ако ти го знам роденденот (и преку него адресата), ќе ти направам чистка дома.

Јас на ФБ имам полиса, сè што објавувам е Public. Ако сум ок со цел свет да го прочита/види тоа што го објавувам, супер. Ако не, не му е место на ФБ. Инстаграм си го држам затворен за пријатели само, па таму си дозволувам малку послободно да споделувам само со нив.

5) Напредни препораки

Ако сакате малку понапредни препораки за како да се заштитите од сечии очи (вклучително вашиот интернет оператор и државни сектори), следете ги чекориве:

– Користете VPN, има бесплатни како Tunnel Bear (www.tunnelbear.com/), или платете за добар како Proton VNP (protonvpn.com/). Преку VNP, целиот ваш интернет сообраќај ќе оди преку една точка, и на тој начин, пример Телеком нема да може да знае дека сте отвориле ФБ, Time.mk или PornHub. Нив само ќе им се покажува еден исти линк, тој на VNP-от.

– Користете безбедни апликации како Signal (signal.org) за комуникација. Таа е со отворен код, користи end-to-end енкрипција, и е препорачана од безбедносни експерти во цел свет. Има опција за повици, и може слободно да контактирате преку неа и телефонски.

– Ако комуницирате со сензитивни информации (посебно за новинари), користете енкриптиран и безбеден email сервис како Proton Mail (protonmail.com/), што за разлика од Gmail, не ви ги чита пораките, ниту има некаков пристап до нив.

– НЕ користи СМС пораки. Не се безбедни, премногу луѓе имаат пристап до нив, посебно кај нас. Едноставно, заборави дека постојат. Финкаши. Секој што користи интернет, МОРА да ги знае овие работи како основа, бидејќи живееме во доба каде што лесно се злоупотребуваат нашите информации. Додека да се освестат јавните институции, наша задача е сами себе да се заштитиме колку можеме,“ напиша тој на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шансите ни се мали: Денеска клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија

Редакција

Едно лице побарало евакуација од Израел, апел до македонските државјани да се пријават во амбасадите

Редакција

Браво: Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои Вимблдон

Редакција