еМагазин
Image default
Локално

Крими-филм во Арачиново: Го киднапирале шест вооружени лица заради вереницата

Вчера околу 19:30 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, било пријавено дека бил донесен Н.Р.(22), кој имал повреди добиени од физички напад во село Арачиново, скопско, информира МВР.

По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 13 часот во село Арачиново на улица „1“, додека Н.Р. управувал патничко моторно возило „Ауди“, две патнички возила му го попречиле патот, при што од истите излегле шест вооружени лица.

При тоа, истите со едно од возилата, го однеле оштетениот во објект лоциран на улица „11“ во село Арачиново, каде физички го нападнале, при што го држеле затворен околу половина час.

Потоа, во објектот пристигнал братучед на Н.Р. кој го пренел истиот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од страна на Н.Р. како сторители се посочени неколку лица од село Арачиново поради нерасчистени семејни односи, односно во врска со неговата поранешна вереница од село Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млад скопјанец го оштетил влезот на Инфоцентарот на Европската Унија

Редакција

Почнале да му ја кршат куќата откако им избегал по расправија за паркинг

Редакција

Грозморен случај во Скопје: Ја силувал малолетната ќерка

Редакција