На 19.09.2018 година околу 21.30 часот во с.Водоча, струмичко, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки, информира МВР.
Веднаш по запирањето на возилата, возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак (10 во ПМВ Пасат, а 11 во ПМВ Ауди). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.