еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за Државна правобранителка од Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ј.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 04.11.2016 до 17.04.2018 година, пријавената во својство на Државен правобранител за подрачје на Куманово, ја злоупотребила службената положба во врска со постапувањето по по правосилно решение од нотар за пренесување на права во корист на Северна Македонија како законски наследник.

Имено, семејството на починатиот В.М., како сопственик на уделите и паричните влогови во правно лице од Куманово во износ од 308.000 денари и како содружник во правно лице од Куманово со вложени удели и парични влогови, во спроведена оставинска постапка, предметните удели и влогови ги остапиле на Северна Македонија, заради натамошно постапување по налог за извршување на договор за заем од 700.000 денари на В.М. од страна на Р.И..

По ова, пријавената со допис не ги известила двете трговски друштва да постапат по законот за трговски друштва, односно на Собрание да донесат Одлука за отстапување на правата на починатиот на Севeрна Македонија како наследник.

Притоа, пријавената го известила само Централен регистер да ја изврши промената иако знаела дека со одлука треба да го спроведат и двете трговски друштва, со што овозможила едното правно лице да биде избришано од трговскиот Регистер, додека за другото правно лице да се отвори стечајна постапка, без право Р.И. да ги пријави своите побарувања како доверител, со што нанела штета на Северна Македонија и Р.И..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Физички го нападнале во казино на „Партизанска“

Редакција

Грозоморен случај во Гостивар: Три лица обљубиле дете

Редакција

Тешко повреден битолчанец откако со „БМВ“ се забил во ѕид

Редакција