ОВР Неготино поднесе кривична пријава против З.Ѓ. (46) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“, информира МВР.
Во временскиот период од 2015 до 18.10.2019 во Неготино, пријавениот во својот дом, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, без пропишана стручна подготовка од надлежен државен орган, се претставувал како поранешно медицинско лице и се занимавал со лекување и давање медицинска помош, преку продажба на т.н. лекарства за повеќе болести кај луѓето.
За лекарствата, кои биле во форма на течности и креми, наплаќал по 5.000 – 6.000 денари. На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело за кое се сомничи.