еМагазин
Image default
Македонија

Кривичниот суд – Скопје ќе суди само итни и неодложни предмети

Основниот кривичен суд – Скопје, во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети кои се во фаза на донесување одлука како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет, информираат од Кривчниот суд.

„Со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на корона вирусот, судот ги известува сите граѓани кои имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од утре преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а доколку не кога и како ќе бидат известени за следно судење“, велат од Кривчен суд.

Оттаму апелираат до граѓаните и сите адвокати, обвинители, вештаци и сведоци доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата и доколку не се повикани од судот непотребно да не влегуваат во судската зграда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата предлага воведување на вонредна состојба веднаш

„Штама“ на ГП „Богородица“: Ниту еден патник не поминал по најновите мерки

Обвинение за мајка и ќерка од Струмица кои не ги почитувале мерките за изолација: Се расправале со полицијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шеснаесетгодишна кавадарчанка позитивна на Ковид-19

Редакција

Димитров: Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа значи дека не постои европска перспектива

Редакција

Петар Атанасов си поднесе оставка од пратеничката функција

Редакција