еМагазин
Image default
Локално

Крвава тепачка со ножеви во Куманово

На 16.01.2019 година околу 21.00 часот пријавено е дека во кафе бар на улица „3-та Македонска ударна Бригада“ во Куманово, по вербална расправија, А.А.(32) и Ш.Ј.(20), двајцата од Куманово, физички го нападнале Б.И.(32) од Куманово, информира МВР.

Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го прободел А.А. во пределот на стомакот. А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И. кој се здобил со тешки телесни повреди.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Филм“ во Влае: Банда маскирани лица вооружени со автомати ограби казино

Редакција

(Фото) И Богданци има џиновско велигденско јајце

Редакција

25-годишен внук се степал со неговата баба и тетка

Редакција