еМагазин
Image default
Македонија

Кумановскиот кризен штаб го бара извештајот и записникот од вонредниот инспекциски надзор

Кризниот штаб Куманово бара од Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДЗСИ) да му се достави извештајот и записникот од инспекцискиот надзор и надлежните органи да го расчистат случајот.

Ова се дел од заклучоците од одржаната 38-седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС).

„Штабот е загрижен поради новонастанатата состојба со вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ во однос на командантот и придружениот член на штабот за наводно прекршување на процедури и бара записникот и извештајот од постапка да му биде доставен на увид,“ се вели во денешното соопштение.

Од штабот известуваат дека ваквата констатација фрла сомнеж врз досега преземеното и сработеното од страна на ОШЗС во борбата со епидемијата од Ковид-19 во Куманово.

Бараме од надлежните државни органи во најкус можен рок да го расчистат случајот. ОШЗС во континуитет од самиот почеток на епидемијата укажува на голем број на недостатоци на акти и дефинирани процедури кои треба да ги донесе Владата, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести со кои прецизно се регулираат процедурите во услови на епидемија како и заклучоци со кои се укажува за фактичката состојба и реалните потреби во здравствените организации во Општина Куманово,“ се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека ја поддржуваат работата и ангажманот на здравствените работници (лекари и медицински персонал во Општа болница, Здравствениот дом, матични лекари, ЦЈЗ, епидемиолозите и др.) во Куманово и ја истакнуваат досегашната соработка и благодарност.

„Цениме дека тоа се луѓето на првата линија на фронтот, против вирусот Ковид-19, како и нивната 24-часовна посветеност, ризикувајќи ги своите животи во интерес и спас на животите на своите сограѓани.

Од тие причини, упатуваме јасна порака до Министерството за здравство во наредниот период, целосно да се посвети на подобрување на сите слабости во поставениот систем, кој очигледно не функционира беспрекорно,“ се наведува во соопштението.

Штабот и препорача на општината да додели одредени количини на маски за јавните претпријатија.

“ОШЗС Куманово целосно се оградува од сите политички, правни и физички лица кои самостојно без запознавање и одобрение на ОШЗС делат пакети и друга помош и бара од нив да ги почитуваат одлуките на штабот и тоа да го организираат во координација со ОШЗС“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојановски ќе ја тужи Сотирова – Бухова, ако јавно не соопшти дека неговиот тест е погрешен

Констатирани низа пропусти во Куманово: Казна од 300 до 600 евра за градоначалникот Максим Димитриевски

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како на филм: Во „Идризово“ затвореници со високи казни ископале 60 метри тунел и се подготвувале за бегство

Редакција

Починаа нови шест пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 689

Редакција

Приведен поранешниот директор на Онкологија Нино Васев, три лица избегале во странство

Редакција