еМагазин
Image default
18+

Курс за мастурбација за жени ги скара студентите во Германија

На универзитетот во западногерманскиот град Биелефилд се разви спор помеѓу либералните и конзервативните студентски здруженија околу финансирањето на еден курс за маструбација за жени, пренесуваат локалните медиуми.

„Ние сакаме да знаеме колку чин овој  курс и дали за тоа се користени студентски средства, изјави Катрин Краус, претставник на конзервативното студентско здружение РЦДС за весникот Neue Westfaelische.

Студентското здружение РЦДС кое е тесно поврзано со Христијанско-демократската унија- ЦДУ зборува за „лош виц“ и смета дека овој курс спречува нормален пристап на една сериозна тема.

Курсот за мастурбирање кој е наменер за жени и трансродни лица се одржува во склоп на тематската недела „Општество. Моќ. Род“ која ја организира локалниот огранок на студентската самоуправа АСтА, радиционално политички и лево ориентирана организација на студенти во германските универзитети.

Курсот би требало да биде одржан во недела а се состои од два дела, практичен и теоретски. Местото на одржување им е соопштено сам на тие што ќе учествуваат. Притоа како што соопштуваат би требало да бидат анализирани општествените аспекти на мастурбацијата како што е срамот, но би требало да бидат испробани и посебни техники на мастурбација.

Според Фејсбук страницата на АСтА во Биелфилд, курсот е одамна пополнет.

Од СЦДС сметаат дека вакви курсеви не смеат да бидат финансирани со пари на студентите. АСтА делумно се финансира од студенстски фондови кои ги плаќаат студентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летото е најдобро време за секс, еве зошто

Редакција

(Видео) Заводлива и секси: Најжешките филмски еротски сцени на Емили Ратајковски

Редакција

Голем број на жени сакаат групен секс

Редакција