еМагазин
Image default
Бизнис

Лани во декември годишен раст од 7,8% на вкупните депозити и 8,3% на вкупните кредити

Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).

-Во декември 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2) забележа месечен раст за 2,9 отсто, како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, додека долгорочните депозити до две години бележат пад.

Во споредба со декември претходната година, паричната маса е зголемена за 8,8 отсто, главно под влијание на растот на краткорочните депозити и депозитните пари, во услови на помал раст и кај готовите пари во оптек и пад кај долгорочните депозити до две години, соопшти НБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ТЕ-ТО“ го доби тендерот на „Балкан енерџи“ за набавка на природен гас вреден 13 милиони евра

Редакција

МОН без тендер ќе откупи учебници од „Арс Ламина“ за 178 милиони денари

Редакција

Лани зголемено производството на месо, јајца и кравјо млеко

Редакција