еМагазин
Image default
Македонија

Лекар од штипската Брза помош позитивен на корона вирусот

Еден лекар од Брзата помош во Штип е позитивен на корона вирусот.

Директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ – Штип, Снежана Трајковска на денешната прес-конференција истакна дека резултатите од тестирањето ги добиле утринава, а веднаш во самоизолација се ставени уште шестмина здравствени работници од Итната медицинска служба.

„Сите контакти се дадени на епидемиолозите и се контактираат, а по предлог на епидемиолошката служба сите контакти со висок ризик ќе бидат ставени во домашна изолација и под здравствен надзор. Утрово го добивме резултатот на колегата, а инаку од недела не е на работа, ниту тој, ниту колегите кои биле со него“, вели Трајковска.

Таа забележува дека епидемиолозите прават анкета и треба да утврдат како се заразил лекарот од Итната медицинска помош, инаку целиот персонал работи по сите здравствени протоколи и со заштитна опрема. Нема да имаат проблем со работата, бидејќи имаат вкупно осум тима во Брзата помош во Штип.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов позитивен случај на корона вирусот во Тиквешко

Ќе издржи ли здравствениот систем: Вториот бран на корона вирусот станува цунами?

Болниците преполни со пациенти заболени од корона вирусот, се активираше и монтажната болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Редакција

Боки 13, татко му и неговата асистентка на распит за „Рекет 2“

Редакција

Со сослушување сведоци и очевидци продолжува судењето за „Ласкарци“

Редакција