еМагазин
Македонија

Левица побара од Државната изборна комисија да набави повисоки паравани за гласање

Политичката партија Левица поднесе официјален предлог до Државната изборна комисија за набавка на нови, повисоки паравани за гласање кои ќе го гарантираат тајното избирачко право на граѓаните.

„Со досегашните гласачки паравани, кај нас, е овозможено визуелно да се следи погледот на очите и движењето на рацете на гласачот (!?), што е недозволиво и претставува директна повреда на тајноста на гласањето, затоа што присутните во просторијата, во зависност од редните броеви на кандидатите испишани на гласачкото ливче (горе или долу), многу лесно можат да претпостават или погодат за кого гласал конкретниот гласач кој со пенкало го заокружува редниот број – а кој, подоцна, знаејќи го нивото на општа партизираност во државава, може да има негативни реперкусии во својот приватен или професионален живот“, соопшти партијата на својот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија вработува 29 лица, плата до 37.630 денари

Фото: Фејсбук/Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојавата за бомба во Судот во Охрид лажна, вработените вратени на работните места

Редакција

Осма жртва од експлозијата во Романовце, почина 10-годишното дете

Редакција

Гевгелиската болница ќе уреди уште едно одделение за ковид-пациенти

Редакција