еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Од Левица информираат дека пратениците на партијата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска до собранискиот спикер поднеле Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци.

“Со овој закон, Левица предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар).

Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.

Овој Предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, којашто во изминативе неколку месеци ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците“, велат од партијата.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дерковски: Сајтот на ДИК најверојатно е цел на надворешен напад

Редакција

Три постреферендумски сценарија

Редакција

Решението со Бугарија е близу, оцени во Скопје шефот на австриската дипломатија, Шаленберг

Редакција